Погачи повкусни од оние со сирење, пица или спанаќ: Една состојка менува се

Погачи повкусни од оние со сирење, пица или спанаќ: Една состојка менува се

Иако сите правиме погачи со сирење, спанаќ, кашкавал, сувомеснато или пица фил, ова е една нова и вкусна идеја.

Погачи со мајонез, ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 20 гр. квасец
  • ½ прашок за пециво
  • 250 мл. млеко
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 100 гр. мајонез
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам

 

Начин на подготовка:

  1. Квасецот со шеќерот се раствора во малку млако млеко и се остава да нарасне.
  2. Во сад се става половина од брашното, се меша со прашокот за пециво и сол, се додава мајонез, па надојдениот квасец.
  3. Се додава и останатото брашно постепено, додека се замесува тесто.
  4. Оставете го во садот со крпа да нарасне.
  5. Вадете погачи и премачкајте ги со јајце, па ставете сусам.
  6. Наредете ги на плех, оставете ги 10 минути и печете на 200 степени 20 минути.

Уживајте, совршени се за со јогурт

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја