Офарбајте јајца со лушпи од кромид – Брза и лесна идеја, бојата прекрасна

Офарбајте јајца со лушпи од кромид – Брза и лесна идеја, бојата прекрасна

Офарбајте велигденски јајца со лушпи од кромид. Иако често сите ги фрламе лушпите, тие можат многу да ни послужат.Ви требаат чорапи-доколенки, лушпи од кромид и неколку тревки за шарање по нив.

Ако немате собрано лушпи, можете да отидете до најблискиот маркет или пазар и да соберете неколку.

Јајцето малку намокрете го со вода да се залепат тревките, залепете неколку и навлечете ја и убаво врзете ја чорапата.

Јајцата се ставаат во ладна вода за да се варат, а во неа се става сол и оцет за да не пукаат. Се ставаат и лушпите.

Колку повеќе лушпи, толку поинтензивна боја.

Готови се за десетина минути.

Ако не сакате шари, само ставете да се варат јајцата со лушпите, исцедете и оладете.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Фарбање јајца со памук

Офарбајте јајца со весници

7 техники за фарбање јајца

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

singlepost_text