Една смеса за два вида колачи – Брз рецепт кој заштедува време и пари

Една смеса за два вида колачи – Брз рецепт кој заштедува време и пари

Два вида колачи од една смеса. Супер се за кога ви се јаде благо или за свечености.

Состојки:

  • 5 јајца 
  • 5 лажици шеќер 
  • 5 лажици брашно 
  • 2 лажици какао 
  • ½ прашок за пециво

 

Крем:

  • 3 јајца 
  • 3 лажици шеќер 
  • 3 лажици брашно 
  • 0,5 л. млеко 
  • 100 гр. чоколадо за готвење 
  • 250 гр. маргарин

 

 

Подготовка:

  1. Се мати снег од белките, а посебно се матат жолчките со шеќерот. Се додава брашното, какаото и прашокот за пециво, на крај целата оваа смеса се става во снегот од белки. 
  2. Се става во плех и се пече 20 минути на 200 степени. Плехот претходно премачкајте го со малку маргарин. 
  3. За крем се матат јајцата со шеќер и брашно и се ставаат во свареното млеко. 
  4. Во оладеното млеко потоа ставете маргарин и топено чоколадо. 
  5. Ставете ја смесата на изладениот бисквит. 
  6. Горе се става чоколадна глазура. 
  7. Ќе остане малку крем, па додајте во него мелени бисквити или нешто по избор и направете бомбици. 
  8. Украсете по желба.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text