Појадок кој се пече за 10 минути – Лепињи кои се повкусни од кифлички

Појадок кој се пече за 10 минути – Лепињи кои се повкусни од кифлички

Вкусен појадок готов за само 10 минути. Совршен мирис на лепињи од вашата кујна кои мамат.

Состојки:

  • 500 мл. млеко 
  • 1 квасец 
  • 1 прашок за пециво 
  • 1 лажиче сол 
  • 200 мл. јогурт 
  • 4 јајца 
  • 1 лажиче шеќер 
  • 1.350 гр. брашно

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со млеко, квасец, јогурт, сол и прашокот за пециво во сад. 
  2. Се мати и половина од брашното и се меси, па се додава и другата половина. 
  3. Треба да добиете тесто како за кифлички. 
  4. Се премачкува сад со масло, се става тестото и се премачкува и тоа со масло, па се става фолија проѕирна. 
  5. Се остава вака кратко во ладилник, па се вадат лепињи од тестото , се ставаат на плех со хартија и се печат на 220 степени 10 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

singlepost_text