Стапчиња за 20 минути: За појадок, омилената серија или друштво

Стапчиња за 20 минути: За појадок, омилената серија или друштво

Вкусни солени стапчиња кога сакате нешто вкусно набрзина. Супер се за појадок или вечера, за мезе, за омилената серија или натпревар.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца 
  • 1 маргарин 
  • 1 шолја павлака 
  • 2 лажички сол 
  • 500 гр. брашно 
  • 1 прашок за пециво 
  • сусам и јајце за премачкување

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се вади маргаринот на собна температура, се меша со брашното и прашокот за пециво, па се додаваат две јајца во садот. 
  2. Се додава сол и кисела павлака, се меша и се меси тесто. 
  3. Тестото се развлекува, се вадат стапчиња од него и се редат на плех со хартија. 
  4. Се мачкаат стапчињата со јајце и се става сусам. 
  5. Се пече 20 минути на 200 степени.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја