Домашна пита со печурки и праз: Вкусен оброк во две варијанти

Домашна пита со печурки и праз: Вкусен оброк во две варијанти

Било да постите или не, во оваа пита сигурно ќе уживате…

Состојки:

  • 1 пакување кори од хељда
  • 1 дл масло
  • 1 дл кисела вода
  • 2.5 дл јогурт
  • 1 лажичка сода бикарбона

Состојки за фил:

  • 2 главици кромид
  • 2 главици црвен кромид
  • 1 праз
  • сув зачин по вкус
  • 400 гр свежи шампињони
  • 1/2 дл масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте масло во тава, додајте сечкан кромид и праз, благо посолете и поклопете па динстајте 5 минути. 
  2. Додајте исечкани шампињони и суви зачини по вкус (црвена пипер, магдонос, мелен ѓумбир, мелен бибер, сув билен зачин), поклопете и продолжете со динстање уште 5 минути. 
  3. Јогуртот измешајте го со сода бикарбона. Тепсијата намастете ја со масло. 
  4. Ставете една кора, втората и третата кора малку изгужвајте ги и преку ставете неколку лажици јогурт, масло и кисела вода. Повторно ставете 1-2 кори, па фил од кромид и шампињони. 
  5. Повторувајте ја постапката со корите. Завршете со една кора и завлечете ја од страните за да не се подигне при печењето. 
  6. Премачкајте со масло, кисела вода и јогурт. Избоцкајте ја со вилушка. Печете околу 30 минути на околу 200 степени. 
  7. Совет: Ако го исфрлите јогуртот од рецептот, содата разматете ја во кисела вода, па така ви доаѓа посна варијанта.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*