Освежете го својот оброк: Супер здрава салата од морков и портокал

Освежете го својот оброк: Супер здрава салата од морков и портокал

Додека се уште го чекаме првиот свеж зеленчук, послужете се со она што го имате дома.

Оваа едноставна салата е одличен прилог со различни јадња, а со својата боја и вкус ќе го освежи секој оброк.

Состојки:

  • 3 моркови
  • 1 портокал
  • 1/2 лажичка мед
  • 1/2 лажичка цимет
  • прстофат сол
  • десетина бадеми

Начин на подготовка:

  1. Морковите исчистете ги и фино изрендајте ги. 
  2. Од портокалот исцедете го сокот и прелијте го по изренданите моркови. Додајте мед, цимет и сол 
  3. Добро измешајте па до послужување држете ја салатата во фрижидер. 
  4. За тоа време на тава на суво пропржете бадеми. Оставете да се изладат па исечкајте ги. 
  5. Пред послужување салатата посипете ја со сечкани бадеми.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*