Солени мафини за 20 минути: Матите, ставате во калап и печете

Солени мафини за 20 минути: Матите, ставате во калап и печете

Денот нека започне со супер деликатес за кој треба само да измешате неколку состојки, да ги ставите во калапи за мафини и да испечете.

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја јогурт
  • ½ шолји масло
  • 3 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • 200 гр. фета
  • 100 гр. шунка

 

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата во сад со јогуртот и масло, се додава сол и просеано брашно, па се мати се убаво со жица. 
  2. Се рони сирењето и се додава, па се сече и шунката на ситни коцки и се става во смесата. 
  3. Се става смесата во калапи за мафини и се пече на загреана рерна на 200 степени 20 минути.

Пријатно јадење!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*