Рецепт за крцкав и кремаст компир од рерна

Рецепт за крцкав и кремаст компир од рерна

Гратинираниот компир е одличен избор за ручек или вечера, а со него не ви треба ни месо ни риба…

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 5 лажици путер
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сенф
  • 400 мл павлака за готвење
  • 75 гр рендано сирење
  • 1/2 лажичка мускатно оревче
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190 степени, а огноотпорниот сад во кој ќе ги печете компирите, намастете го со лажица путер. 
  2. Во поголем лонец растопете го останатиот путер на умерен оган. Додајте сечкан кромид и динстајте 4-5 минути додека не стане проѕирен. Потоа додајте исчистен лук и динстајте уште минута. 
  3. Додајте сенф и павлака и оставете сосот да зоврие. Ставете исчистени компири исечкани на тенки парчиња и динстајте ги четири до пет минути. Зачинете со сол, бибер и мускатно оревче. 
  4. Прелијте го компирот со павлака во огноотпорниот сад, а на врвот рамномерно распоредете рендано сирење во еден слој. 
  5. Печете во рерна 25-30 минути додека сирењето не стане златножолто, а компирите во целост не бидат испечени.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*