Пита од гриз со арома на лимон и ванила (Видео)

Пита од гриз со арома на лимон и ванила (Видео)

Кога ви се јаде нешто слатко, направете сочна пита со гриз, лимон и јогурт и сите ќе бидат воодушевени.

Состојки:

  • 9 тенки готови кори
  • 3 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 50 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 150 гр гриз
  • кора и сок од лимон
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со 100 гр шеќер, додајте гриз, јогурт, прашок за печиво, кора од лимон, масло и суво грозје и сè добро изедначете. Кората распрострете ја на маса, премачкајте тенко со фил, потоа уште една кора преку неа, премачкајте фил, па ставете и трета кора, исто така со фил.
  2. Така направете и со останатите кори. Оставете малку фил па премачкајте ги ролните од горе. Печете на 200 степени околу 30 минути. Во тенџере ставете 200 гр шеќер, додајте малку вода, ванилин шеќер и исцедете половина лимон. Оставете да врие неколку минути па прелијте ја питата. Врелата пита прелијте ја со врел прелив.
  3. Ако сакате посочно направете повеќе сируп. Ќе добиете сјајна сочна слатка мирисна пита.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text