Комплетен ручек за 15 минути: Пилешко со печурки и зеленчук

Комплетен ручек за 15 минути: Пилешко со печурки и зеленчук

Вкусно пилешко месо во сос кое се топи во уста. Совршено е за со компири или тестенини.Супер ручек за 15 минути, ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр. пилешко месо 
  • 150 гр. печурки 
  • 100 гр. моркови 
  • 3 пиперки 
  • 2 тиквички 
  • сол 
  • бибер 
  • магдонос 
  • маслиново масло 
  • 2-3 лажици доматно пире 
  • оригано

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во тава се загрева масло, се пржи месото исечено на коцки. 
  2. Се пржи околу 8 минути, па се додаваат исечените шампињони и излупените и иситени моркови. 
  3. Се динста додека не омекне зеленчукот, па се додаваат лупените и сечени тиквички и пиперките. 
  4. Се меша и динста уште 10 минути, на крај се ставаат зачините и доматното пире. 
  5. Имате супер ручек на трпеза.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*