Пица лазањи готови за 15 минути – ручек на кој не му требаат додатоци

Пица лазањи готови за 15 минути – ручек на кој не му требаат додатоци

Овој рецепт е погоден за зафатени домаќинки, како и оние кои сакаат нешто вкусно и гурманско, но без многу мака.Супер вкусни пица-лазањи.

Состојки:

  • 1 пакување лазањи 
  • 1 шолја сечени домати 
  • малку оригано 
  • 200 гр. шунка 
  • 300 гр. кашкавал 
  • 10 печурки 
  • 1 павлака за готвење 
  • 1 кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Лазањите се ставаат во врела вода, па кога ќе омекнат малку се вадат. 
  2. Се става ориганото во доматите, се рендаат кашкавалот, шунката и се сечат печурките. 
  3. Се пржат печурките на тава со масло, па се зема плех. 
  4. Се редат лазањите, се става од доматите, со оригано, па шунка и кашкавал и на крај печурки. 
  5. Ставете уште еден ред лазањи, а ако има уште состојки за фил, повторно направете ред, па ставете лазањи најгоре. 
  6. Изматете ги киселата павлака и павлаката за готвење, па сипете одозгора. 
  7. Печете на 220 степени 15 минути.

 

 

 

 

Повеќе вести на Готви.мк

Лажни лазањи за 10 минути

Лазањи со тиквички

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*