Не сте јаделе ваков: Грав со зеленчук за големиот пост

Не сте јаделе ваков: Грав со зеленчук за големиот пост

Сите јадеме грав, особено во петок или среда, но ваков деликатес немате пробано. Идеално за посните денови.

Состојки:

  • 3-4 шолји грав 
  • малку целер 
  • 2-3 суви пиперки 
  • 2 моркови 
  • магдонос 
  • 1 главица кромид 
  • 2 чешни лук 
  • ловор 
  • сол 
  • бибер

 

 

Начин на подготовка.

  1. Се чисти и се мие гравот, се остава во вода да набабри, па се цеди и му се става друга врела вода и се вари на вообичаен начин, со ситно сечен кромид. 
  2. Се варат одделно, исчистениот и ситно сечен зеленчук, целер, моркови, пиперки, лук и магдонос, па кога ќе се свари се блендира, се ставаат зачини, ловор и магдонос за шмек. 
  3. Се става во чинија гравот кој треба да го исцедите, смесата од зеленчукот, па магдонос за декорација.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Грав на косовски начин

Посно гравче со додаток

Чорба од грав

Запечен грав

Посна крем супа од грав

Грав по југословенски рецепт

Салата со грав

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*