Заборавете на содата: Две состојки го „гризаат” каменецот од кујната без да ја оштетат

Заборавете на содата: Две состојки го „гризаат” каменецот од кујната без да ја оштетат

Жените ширум светот пробуваат најразлични начини за да се спасат од нечистотијата, каменецот и бактериите во кујната.Овој рецепт кој е малку чуден, но доста ефикасен, ќе ви го реши големиот проблем кој често задава главоболки на секој од нас.

Ви требаат само две состојки и тоа кока-кола и вотка. 

Се што треба да направите е да измешате во ист соодност кока-кола и вотка, во зависност од тоа колкава површина имате да чистите, па да ја ставите смесата во шише со прскалка.

Прснете на плочките, шпоретот, или на сите места каде има нечистотија и оставете неколку минути да делува.

Потоа, ако не сте задоволни повторете уште еднаш до два пати, и најтврдокорните нечистотии ќе ги снема.

ЗОШТО Е ЕФИКАСНО:

Киселината која ја има во газираната кока кола и алкохолот од вотката, го јадат каменецот и нечистотијата, но најважно од се, не ги оштетуваат вашите елементи во кујната.

Не е потребно да рибате ни да се мачите, нека се исуши смесата, избришете со крпа и се е готово.

Ова е поефикасно и од содата со која сме научени да ја чистиме кујната.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Исчистете ја мувлата од машината за алишта

Белите патики ќе бидат како нови – Еве како едноставно да ги исчистите

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*