Боранија мусака: Вакво нешто не сте јаделе, ручек за 20 минути

Боранија мусака: Вакво нешто не сте јаделе, ручек за 20 минути

Мусака со компир и мелено месо, мусака со модри патлиџани или тиквички, мусака со домати. Сме виделе многу варијанти на омиленото јадење, но ова е непто посебно.Направете боранија мусака.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кг. боранија 
  • 100 гр. маргарин 
  • 2 лажици масло 
  • 5 лажици презла 
  • 3 јајца 
  • 1 павлака 
  • 1 шолја млеко 
  • 1 лажиче вегета 
  • малку магдонос

Начин на подготовка:

  1. Се вари во солена вода боранијата околу 15 минути. Се топи маргаринот на тава, се додава презла. 
  2. Се става боранијата во огноотпорен сад, се става маргаринот со презла врз неа. 
  3. Се матат јајцата со павлака и млеко, се става сол и вегета, магдонос, па се става врз боранијата. 
  4. Се пече на 200 степени 20 минути.

 

 

 

Повеќе Готви.мк рецепти:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула