Меко, сочно и вкусно солено печиво кое се подготвува со задоволство…
Состојки:
- 400-500 гр брашно
- 20 гр квасец
- 2 јајца
- 300 мл млеко
- 50 мл масло
- 1 лажичка шеќер
- сол
- 200 гр сирење
- 150 гр спанаќ
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Растопете квасец во млако млеко, додајте шеќер, 1 јајце, брашно, масло и замесете меко тесто. Оставете да нарасне, развлечете на половина сантиметар и пресечете на квадрати.
- Спанаќот обварете го и исечкајте го, додајте сирење и јајце, па измешајте. Секој квадрат од секој агол исечете го со нож до средина, па ставајте фил.
- Секој квадрат свиткајте го околу филот како што е прикажано во видеото.
- Премачкајте со жолчка, оставете малку да нарасне, па печете на 200 степени околу 30 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот