Десерт на кинески начин: Неодолив пудинг од ориз

Десерт на кинески начин: Неодолив пудинг од ориз

Десерт со ориз со додаток на суво грозје – едноставно неодолив…

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица изрендана кора од портокал
  • 100 гр суво грозје

Состојки за прелив:

  • 200 мл вода
  • 100 гр шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 лажица густин

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го и процедете го. Во врелиот зготвен ориз измешајте шеќер, ванилин шеќер, кора од портокал и мешајте додека шеќерот не се растопи. 
  2. Намастете со путер калап за пудинг, распоредете измиено суво грозје, преку рамномерно распоредете го оризот, кој лесно ќе го стиснете со лажица. 
  3. Подготвениот ориз гответе го на пареа 30 минути. 
  4. Водата, шеќерот и сокот од лимон загрејте ги до вриење, а потоа додајте густин кој сте го разматиле со малку вода. Сè кратко гответе. 
  5. Зготвениот ориз извадете го од калапот и прелијте го со подготвениот прелив. Послужете добро изладено.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text