Нов рецепт за гибаница – Рецепт без јајца, сирење и млеко

Нов рецепт за гибаница – Рецепт без јајца, сирење и млеко

Гибаницата е јадење кое традиционално се прави кај нас. Вкусот на нашите мајки и баби од сега во ново руво.Направете вкусна гибаница со кисела зелка.

Состојки:

  • 800 гр. кори за гибаница 
  • 1 кг. кисела зелка 
  • 2 шолји масло 
  • 1 шолја кисела вода 
  • бибер 
  • сол

 

 

Налин на подготовка:

  1. Ако е солена зелката се става во топла вода. 
  2. Се цеди, па се ренда. Се динста на масло, се додава малку вода, се додека не омекне, па се ставаат сол и бибер. 
  3. Се премачкува плех, се загрева рерната на 200 степени. 
  4. Се става првата кора на дното, се прска масло, па се става од зелката. Така се додека има кори и фил. 
  5. Завршете со кора, ставете горе кисела вода и масло и печете 25 минути на 200 степени. 
  6. Ви треба околу еден час.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Гибаница со кајмак

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми