Намаз од модри патлиџани и лук – совршено за на парче леб

Намаз од модри патлиџани и лук – совршено за на парче леб

Ако сакате совршен намаз кој ќе оди со секој ручек, со месо, со кришка лепче, со тестенини или компир, а ќе ви послужи и за постот, тогаш ова е рецептот за вас.
Направете намаз од модар патлиџан и лук. 

Состојки:

  • 3-4 модри патлиџани
  • масло
  • пола шолја вода
  • сол
  • бибер
  • оцет
  • 3 чешни лук
  • 2-3 домати
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Се ставаат 3-4 модри патлиџани да се загреат во рерна, се печат 20 минути на 200 степени.
  2. Кога се готови, им се лупи кората, па се блендираат за да се иситнат.
  3. Вака се пржат на тава со масло, се додава половина шолја вода и 2-3 ситно исечени домати, па се става сол, бибер, магдонос, оцет и зачини по вкус.
  4. Нека се олади, па послужете со ситно сечен лук.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Тартар сос

Ќе заборавите на болоњезе и тартар

Сос-деликатес

Мезе кое супер оди со тартар

Домашен сос