Идеално јадење за време на пост. Освен што е вкусно, ова јадење е и многу здраво!
Состојки:
- 300 гр печурки буковки
- 4 компири
- 4 моркови
- 3-4 свежи пиперки
- доматно пире
- сол
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги компирите на парчиња, морковите на кругови, свежите пиперки на кругови, пречурките на парчиња.
- Наредете ги во огноотпорен или земјен сад. Посолете, ставете сув зачин и други зачини по вкус. Измешајте доматно пире со вода и прелијте преку зеленчукот така што зеленчукот ќе се готви во сосот. Печете во рерна додека водата не испари.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт