Плескавици од црвен грав

Плескавици од црвен грав

Подгответе малку поинакви плескавици, односно плескавици од црвен грав.

Состојки:

  • 1 конзерва црвен грав
  • 1/2 црвена пиперка
  • 1/2 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/4 лажичка мелен ким
  • 1 лажичка лута пипер
  • 1 јајце
  • 6 лажици презла
  • 3 лепчиња за плескавици

Начин на подготовка:

  1. Процедете и измијте грав од конзерва, ставете во длабока чинија и изгмечете со вилушка. Во блендер исечкајте пиперка, кромид и лук па додајте во гравот.
  2. Додајте зачини, јајце и презла, сè добро измешајте. Поделете ја масата и обликувајте плескавици. Ставете ги на намастена чинија, прекријте со фолија и ставете во фрижидер малку да се изладат.
  3. Загрејте ја рерната на 200 степени. Плескавиците ставете ги на намастен плех и печете ги во рерна по 10 минути од секоја страна.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*