Крцкава пита со јаболка: Вкусен десерт за сите генерации

Крцкава пита со јаболка: Вкусен десерт за сите генерации

Оваа пита од лиснато тесто ќе ја обожаваат сите. Крцкава е и вкусна, а многу е лесна за подготовка.

Состојки:

  • 5 помали јаболка
  • 250 гр лиснато тесто
  • 1 лажичка цимет
  • на врв на лажичка мелено мускатно оревче
  • 1 кесичка карамел шеќер
  • прстофат сол
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 100 гр путер
  • по потреба масло за пржење
  • шеќер во прав по вкус

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги, измијте ги исечете ги на коцки. Во тава ставете путер и лажица масло, па кога ќе се загрее додајте јаболка, кафеав и карамел шеќер, сол, цимет, мускатно оревче и динстајте 6-7 минути. Оставете да се излади. 
  2. Одмрзнете го лиснатото тесто, посипете работна површина со брашно, посипете го и лиснатото тесто, па тенко развлечете го со сукало. Поделете го на 6 делови и на секој дел ставете по лажица динстани јаболка. Рабовите премачкајте ги со вода па тестото спојте го со вилушка, притиснете ги рабовите да не испадне филот. 
  3. Во тава загрејте масло и пржете ја питата од двете страни додека не порумени. Извадете на хартиена салфета. Посипете со шеќер во прав и цимет и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text