Ручек кој може да се направи и во посна варијанта: Макарони со компир (Видео)

Ручек кој може да се направи и во посна варијанта: Макарони со компир (Видео)

Вкусни макарони за денешен ручек. Јадење кое брзо се прави и е уживање на љубителите на Италијанската кујна.

Ова е рецептот, кој доколку постите направете го со посни тестенини.

Состојки:

  • 1 средна главица кромид
  • 400 гр компир
  • 500 гр посни макарони
  • 5-6 лажици масло
  • 1 лажица вегета
  • 1 лажица црвен пипер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Компирот се лупи и вари, а кога ќе биде на половина сварен, се додаваат и макароните заедно со сечканиот кромид. Додадете го и маслото.
  2. Кога ќе се свари, се цеди сè и се поминува со ладна вода.
  3. Додајте ги и зачините, па соединете сè како што е покажано на видеото. Послужете топло.

По вкус може да додадете и малку пченка.

Целосната подготовка во видеото:

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула