Ако сакате нешто брзо и лесно кое нема да ви одземе многу време, тогаш ова е рецепт за вас.
Најбрзиот колач со банани, ова е рецептот:
Состојки:
- 4 банани
- 1 јајце
- 250 гр маргарин
- 250 гр шеќер во прав
- 150 гр мелени ореви
- 300 гр мелена бисквити
- 2 кеси шлаг
- бони топ за украсување или шарени мрвици
Начин на подготовка:
- Бананите се гмечат со вилушка, се додаваат шеќерот и јајцеот, па маргаринот и сè се мати со миксер.
- Се додаваат оревите и бисквитите, па се прави на послужавник облик по желба.
- Се мати шлаг според упатството на кесичката додека да добиете цврст снег. Се украсува одозгора, па се редат шарени бонбони или мрвици.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
20 минути без печење – сникерс бајадера
Колач со банани ореви и еурокрем