Здрав и вкусен ручек: Шницли од зеленчук

Здрав и вкусен ручек: Шницли од зеленчук

Овие едноставни и здрави шницли се вистински деликатес. Послужете ги со зелена салата и уживајте!

Состојки:

  • 100 гр моркови
  • 200 гр зготвени компири на пареа
  • 100 гр тиквици
  • 1 парче целер
  • 2 струка млад кромид
  • магдонос
  • 1/2 лажичка куркума
  • 50 гр рендан кашкавал
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици гриз
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и излупете ги морковите и тиквицата и изрендајте ги ситно. Исцедете со раце колку што можете. 
  2. Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на крупни коцки, па згответе ги на пареа. 
  3. Исечкајте целер на ситни коцки. Исчистете млад кромид и ситно исечкајте го. Издинстајте го на неколку лажици маслиново масло. 
  4. Измијте и ситно исечкајте магдонос. Во сад измешајте рендан морков и тивкцица, целер и варен компир. 
  5. Додајте динстан кромид, магдонос, сирење, гриз и зачини. Посолете и побиберете. 
  6. Поделете ја масата на неколку делови и со влажни раце обликувајте плескавици. 
  7. Премачкајте ја тавата со масло, загрејте и печете ги плескавиците по неколку минути од секоја страна или додека не добијат убава румена боја. Послужете ги топли.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*