Сјаен трик за подготовка на посна варена зелка (Видео)

Сјаен трик за подготовка на посна варена зелка (Видео)

За сите љубители на зелка еве еден добар рецепт, посен без месо!

Состојки:

  • 1 главица зелка
  • 2-3 моркови
  • веза млад кромид
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 целер
  • пашканат
  • лист целер
  • 2-3 компири
  • зелена пиперка слатка и лута
  • 1-2 домати, може и варени
  • зачин
  • црвена пипер
  • 1 лажица брашно
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Зелката исечете ја на коцки покрупно, ставете половина во тенџере, а зеленчукот исечете го на кругови или коцки па ставете го во средина на зелката и покријте со другата половина од зелката. Додајте пиперка и лист целер или магдонос. Налијте вода до половина и ставете да се готви 45-50 минути. Додајте зачини и домати кога зелката ќе се зготви. 
  2. Во тава ставете малку масло, додајте брашно и сечкан лук, малку пропржете и додајте црвена пипер и веднаш тргнете од рингла и додајте во зелката. Пробајте ако треба да додадете сол. Исечкајте уште малку магдонос. 
  3. Оставете да врие минута-две и исклучете ја ринглата. Ручекот е готов!

 

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text