Пинџур-мусака: Нов деликатес готов за кратко време

Пинџур-мусака: Нов деликатес готов за кратко време

Нешто многу лесно за правење, а воедно и со прекрасен вкус. Пинџур тиквички на посебен начин.

Состојки:

  • 4 тиквички 
  • 250 гр. мелено месо 
  • 1 кромид 
  • 1 кисело млеко 
  • 1 јајце
  • 4 лажици пинџур 
  • 2 лажици масло 
  • бибер, сол и вегета

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во загреана тава со масло се става кромидот да се пржи, откако ќе се исече ситно, се става и меленото месо. 
  2. Тиквичките се лупат и сечат на кругови, па се додаваат во тавата со зачините и се динста. 
  3. Се става смесата во огноотпорен сад, се става врз неа смеса од изматено јајце со кисело млеко и се пече на 220 степени додека не порумени. 
  4. Пред крајот се вади и се премачкува горе со пинџурот, па се враќа уште 5-10 минути. 
  5. Добар апетит!

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук