Неодоливи колачи со кикирики и мед

Неодоливи колачи со кикирики и мед

Задолжително пробајте ги! Рецепт за најдобрите ситни колачи со кикирики и мед!

Состојки:

  • 150 гр путер
  • 200 гр путер од кикирики
  • 4 лажици мед
  • 1 јајце
  • 200 гр мелени бисквити
  • 1 лажичка цимет
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 150-200 гр несолени кикирики, мелени

Начин на подготовка:

  1. Разматете путер, путер од кикирики, мед. Додајте јајце, цимет, брашно па повторно кратко разматете. Додајте половина од бисквитите, разаматете па додајте ги останатите бисквити. На крај измешајте сода бикарбона и од оваа маса правете мали топчиња. 
  2. Намастете калап за мафини со масло или путер и во секое дупче ставајте тесто. Притиснете со капаче од шише и во секое дупче ставајте парче чоколадо, кикирики и печете на 170 степени околу 25 минути.

 

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text