Пилешки крилца со сос од свежо сирење

Пилешки крилца со сос од свежо сирење

Вистинско гурманско уживање…

Состојки:

  • 20 пилешки крилца
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица црвена пипер
  • 6 лажици масло
  • 3 лажици кечап
  • табаско сос
  • 150 гр свежо сирење
  • 2 лажици рен од тегла
  • 3 лажици слатка павлака
  • целер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките крилца исчистете ги, измијте ги и исушете ги. Премачкајте ги добро со сол, бибер и црвена пипер. Добро загрејте масло во тава, па крилцата пржете ги од двете страни околу 10 минути додека не добијат златнокафеава боја. Оставете ги малку да се изладат.
  2. Загрејте ја рерната на 250 степени. Измешајте кечап со неколку капки табаско и со тоа добро премачкајте ги крилцата од секоја страна.
  3. Наредете ги крилцата едно покрај друго на намастена скара во рерна и под неа ставете сад за собирање на маснотијата. На средната решетка печете околу 10-15 минути додека не станат крцкави и браун.
  4. Во меѓувреме во мала чинија измешајте свежо сирење со изрендан рен и павлака додека не стане кремасто. Зачинете со сол и ибер. Измијте целер, исчистете и исечете на парчиња долги 15 см. Сервирајте ги крцкавите крилца со сос од свежо сирење и целер.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text