Посно „тоблероне“ – Пробајте го овој вкусен рецепт (Видео)

Посно „тоблероне“ – Пробајте го овој вкусен рецепт (Видео)

Направете вкусно и посно „тоблероне“ според овој рецепт:

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 2 лажици мед
  • 1 дл кока-кола
  • 200 гр мелени посни бисквити
  • 200 гр посно чоколадо
  • 150 гр маргарин
  • 50 гр ореви
  • 50 гр сусам

Состојки за глазура:

  • 4 лажици масло
  • 200 гр посно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. На пареа растопете ги чоколадото и маслото, па оставете да се оладат.
  2. Триаголен калап обложете го со хартија, и премачкајте чоколадо. Стегнете во ладилник и ова повтрете го три пати, како што е прикажано во видеото.
  3. Се топи маргаринот со чоколадо, мед и кока кола. Мешајте додека да се соединат состојките.
  4. Се трга од оган, оставете го малку да се олади и се меша со оревите, бисквитите и сусамот.
  5. Се полни калапот со смесата и повторно ставете во ладилник. Се сече и служи.

Сите детали погледнете ги во ова видео:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

20 минути без печење – сникерс бајадера

Сникерс обланди

Сникерс корпички

Сникерс чизкејк

Колач со банани ореви и еурокрем

Не ви требаат вага и миксер – кокос колач

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

singlepost_text