Пита со спанаќ и сирење: Толку добро јадење одамна не сте пробале

Пита со спанаќ и сирење: Толку добро јадење одамна не сте пробале

Практичен, едноставен и брз рецепт за лесна пита со фантастичен вкус!

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 1/2 кг спанаќ
  • 200 гр сирење
  • 2 јајца
  • сол
  • 2 лажици гриз
  • малку јогурт
  • масло
  • веза млад кромид

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете кромид, додајте измиен и исечкан спанаќ па и него испржете го и додајте малку сол. Сирењето изгмечете го и додајте малку јогурт, гриз и јајца и сè изедначете. Во тоа додајте спанаќ и измешајте. 
  2. Првата кора раширете ја на маса па намастете, додајте друга кора преку неа па ставете 3-4 лажици фил и распоредете по целата кора, свиткајте ги рабовите и свиткајте во ролна и потоа свиткајте по средина во круг. 
  3. Правете така додека не го потрошите материјалот. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text