Од остатоците од лебот и уште неколку состојки, направете превкусен колач!
Состојки:
- 500 гр стар леб
- 4 јајца
- 500 мл млеко
- 125 мл слатка павлака
- 100 гр путер
- 70 гр шеќер
- 1 лажица цимет
- 50 гр суво грозје
Начин на подготовка:
- Лебот исечете го на крупни коцки. Разматете јајца, додајте млеко и слатка павлака. Во друг сад или во подлабока чинија ставете путер кој малку омекнал на собна температура, додајте шеќер и цимет па соединете со помош на вилушка (ќе се направат трошки).
- Половина од исечениот леб ставете го во плех, преку посипете со половина од трошките од путер и со половина од сувото грозје. Потоа ставете го останатиот леб, повторно трошки путер, па залијте со разматени јајца, млеко и слатка павлака. Посипете со останатото грозје.
- Ставете го плехот во претходно загреана рерна на 200 степени и оставете да се пече околу еден час.
- Послужете топло, со мед, свежо овошје, сладолед…
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта