Веганска мусака: Вкусно јадење без ниту една состојка од животинско потекло

Веганска мусака: Вкусно јадење без ниту една состојка од животинско потекло

Без ниту една состојка од животинско потекло, оваа веганска мусака е вкусна и лесна. Се подготвува многу едноставно!

Состојки:

  • 250 гр црвен грав од конзерва
  • 1 црн патлиџан
  • 1 главица кромид, исечкан
  • 2 чешниња лук, исечкани
  • 1 црвена пиперка, исечкана
  • 1 зелена пиперка, исечкана
  • 2 домати
  • 1/4 мала шолја вода
  • 1/4 мала шолја маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. На лим за печење ставете хартија за печење. 
  2. Исечкајте го патлиџанот на парчиња со средна дебелина. Премачкајте ги со маслиново масло и наредете ги на лимот за печење. Печете ги околу 25 минути. 
  3. Загрејте масло во тава. Додајте кромид и динстајте околу 1 минута. Додајте ги останатите состојки, добро измешајте и динстајте околу 5 минути. 
  4. Намастете огноотпорен сад и наредете парчиња патлиџан. Преку патлиџанот рамномерно ставете ја смесата со зеленчук. Ставете уште еден слој патлиџани и така редете додека имате состојки. Печете околу 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text