Вкусен доручек: Неодоливи прженици со крем сирење

Вкусен доручек: Неодоливи прженици со крем сирење

Подгответе прженици на овој начин и ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 1 леб
  • 2 лажици путер
  • 5 лажици шеќер
  • 5 јајца
  • 1 мала шолја млеко
  • 250 гр крем сирење
  • 2 лажици сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечете го на тенки парчиња. Измешајте четири јајца, млеко и две лажици шеќер. 
  2. Во друг сад измиксајте крем сирење, остатокот од шеќерот, сок од лимон и едно јајце доека не добиете крем. 
  3. Лебот потопете го во смесата од јајца и млеко, па наредете го на дно од калап во кој ќе го печете. 
  4. Кога ќе наредите половина од лебот, премачкајте ги парчињата со крем сирење, а потоа наредете ги останатите парчиња. На крај посипете со шеќер. 
  5. Печете на 180 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text