Посна пита со посебни состојки – Лесно се прави, домот ќе замириса

Посна пита со посебни состојки – Лесно се прави, домот ќе замириса

Пита која ќе ве држи сити за постот, а има и супер вкус и арома.

Направете вкусна пита со спанаќ:

Состојки:

  • 1 пакување посни кори за пита
  • 400 гр спанаќ
  • 200 гр шампињони
  • 1 кромид
  • масло
  • сол
  • 100 гр тофу

Начин на подготовка:

  1. Се мие убаво зеленчукот, а на масло се пржи исчистениот и исечкан ситно кромид заедно со исечканите шампињони и измиениот и иситнет спанаќ. На овој начин добивате фил.
  2. Ставете сол и динстајте ја смесата.
  3. На дното на намастениот плех се ставаат две кори. Малку згужвајте ги, испрскајте ги со масло и ставете фил, па кори, па изрендано тофу, па кори, па фил и сè така додека има фил и кори.
  4. Врз последната кора во плехот ставете тофу и печете во загреана рерна на 200 степени додека да порумени.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Појадок од стар леб

singlepost_text