Шницли во балкански сос: Сочно месо за богат викенд ручек

Шницли во балкански сос: Сочно месо за богат викенд ручек

Вкусни свински шницли со кремаст сос од сирење…

Состојки:

  • 4 свински шницли
  • 4 листови сирење
  • 1/2 главица кромид
  • 1/2 лажица сув зачин
  • 1 лажичка кечап
  • 2 дл вода
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исчукајте ги со чекан за месо и наредете ги во огноотпорен сад намастен со масло. Преку секоја шницла ставете лист сирење. 
  2. Во сад измешајте исечкан кромид, вегета, кечап и вода, па добро измешајте. Прелијте преку наредените шницли и печете околу 30 минути во рерна загреана на 180 степени. 
  3. По потреба додајте уште вода за време на печењето, доколку испари. По печењето малку протресете го плехот, за растопеното сирење и преливот убаво да се распоредат, па вратете во рерна на уште десетина минути. 
  4. Послужете со пире од компири, тестенини или зеленчук подготвен на скара.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text