Неодоливи полнети лепињи – ќе ве воодушеват (Видео)

Неодоливи полнети лепињи – ќе ве воодушеват (Видео)

Единствениот начин за подготовка на овие лепињи му дава специфичен и феноменален вкус!

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 200 мл млако млеко
  • 30 мл масло
  • малку сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 јајца
  • 200 гр сирење

Начин на подготовка:

  1. Растворете квасец со млеко па додајте шеќер, јајце, брашно, сол и замесете глатко тесто. 
  2. Оставете го да нарасне па поделете го на 4 дела и секој дел развлечете го со големина на поголема чинија и наредете ги во намастен плех. Оставете 15 минути, па секоја лепиња притиснете ја по средина со големина на помала чинија. 
  3. Издробете сирење, додајте јајце и измешајте. Полнете ги лепињите каде што се вдлабнатините. Рабовите премачкајте ги со жолчка и посипете ги со семки. Печете на 200 степени 20 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text