Полнети пиперки без месо – совршена замена за месо за постот

Полнети пиперки без месо – совршена замена за месо за постот

Направете вкусни и посни полнети пиперки во кои поради постот месото се заменува со туна и зеленчук.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 4 бабури
  • 1 конзерва туна
  • 2 домати
  • 1 компир
  • 1 кришка леб (средина)
  • 1 главица кромид
  • 2-3 чешни лук
  • ½ корен од целер
  • ½ шолји масло
  • оригано
  • бибер
  • сол

 

 

Начин на подготовка:

  1. На бабурите им се сечат дршките, па се чистат од семки.
  2. Се меша средината од парче леб, ситно сечениот кромид и лук, излупениот домат, целер туна и зачини.
  3. Се меша да се добие изедначена смеса и се полнат пиперките.
  4. Се затвораат со кругови компир, па се редат во огноотпорен сад и се прскаат со мешавина од масло и вода.
  5. Се запекуваат во рерна околу 30 минути на 200 степени.

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони

singlepost_text