Вака подготвено месо немате пробано – пилешко на азиски начин

Вака подготвено месо немате пробано – пилешко на азиски начин

Овој брз и едноставен рецепт можете да го подготвите и со телешко и свинско месо.

Состојки:

  • 400 гр моркови
  • 1 веза млад кромид
  • 2 зелени пиперки
  • 2 чешниња лук
  • 300 гр пилешко месо
  • 120 гр ориз
  • 1 лажичка масло
  • 1 лажичка жолта паста од кари
  • 250 гр билна павлака за готвење (може и обично)
  • соја сос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот исчистете го, морковите исечете на стапчиња, младиот кромид на тенки кругови, пиперките на тенки кругови. Лукот ситно исечкајте го. Пилешкото исечете го на приближно еднакви парчиња.

     

  2. Згответе го оризот. На масло пропржете го месото, па извадете го од тава. Во истото масло додајте морков и пиперка и пржете ги околу 4 минути.
  3. Измешајте млад кромид, пржете уште 2 минути. Вратете го месото, додајте паста од кари и павлака, динстајте уште околу 5 минути. Зачинете го јадењето со соја сос и послужете со ориз.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text