Мусака со компир и шампињони – Запечено, крцкаво и вкусно

Мусака со компир и шампињони – Запечено, крцкаво и вкусно

Брз и вкусен ручек по напорниот работен ден. Неверојатен спој на компир со шампињони во една тава.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр. компири 
  • 2 главици кримод 
  • 200 гр. шампињони 
  • сол и бибер 
  • 2 јајца 
  • масло 
  • вегета
  • 1 лажица брашно 
  • 1 шолја јогурт

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е многу едноставна, компирот се лупи и се сече на кругови како за мусака, па се пржи на масло. 
  2. Посебно во друга тава се пржат кромидот и печурките. 
  3. Компирот се реди на дно на тепсија со масло, преку него печурките со кромид. 
  4. Се става сол, бибер и вегета, па се ставаат две шолји вода. 
  5. Се пече во рерна на 200 степени 45 минути.
  6. Се меша брашното со шолја јогурт и јајцата, се става сол и бибер, па се става смесата во тавата пред крајот на печењето. 
  7. Се запекува уште малку и се сервира.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*