Влажни чоколадни коцки: Слатки и меки како душа

Влажни чоколадни коцки: Слатки и меки како душа

Уживајте во прелиен, малку поинаков „сунѓер“ колач!

Состојки за колач:

  • 4 јајца
  • 80 гр кафеав шеќер
  • 3 лажици какао прав
  • 2 лажици оризово брашно
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • 120 гр темно чоколадо
  • 50 гр путер

Состојки за прелив:

  • 1 портокал
  • 50 гр шеќер
  • 100 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Растопете путер и чоколадо на пареа. Жолчките разматете ги со кафеав шеќер, па во смесата додајте какао, оризово брашно, мелени ореви и кора од еден портокал. Од белките разматете снег.
  2. Во смесата со јајца додајте растопено чоколадо и путер, а на крај нежно измешајте и снег од белки. Смесата за колач ставете ја во калап обложен со масна хартија и печете на 180 степени околу половина час.
  3. Додека колачот се пече, подгответе сируп. Портокалот исечете го на тенки парчиња. Во тенџере ставете вода и шеќер и гответе додека шеќерот не се растопи. Тогаш додајте парчиња портокал. Оставете кратко да се готват во шеќерниот сируп додека не ги пуштат своите сокови. Меѓутоа внимавајте да не се распаднат.
  4. Сирупот прелијте го преку топлиот колач и украсете со парчиња портокал. Колачот можете да го послужите со слатка павлака или прелив од чоколадо.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text