Уштипци од карфиол со кашкавал

Уштипци од карфиол со кашкавал

Ако сакате да експериментирате ова е вистински рецепт за вас. Излезете од секојдневието и направете уштипци на сосема друг начин.

Состојки:

  • 300 гр карфиол
  • 100 гр кашкавал
  • 50 гр презла
  • 1/2 кора од лимон
  • 5 јајца
  • сол
  • бибер
  • 1/2 лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

  1. Исчистете го карфиолот, па изрендајте го на крупно ренде и оставете добор да се исцеди. 
  2. Жолчките одвојте ги од белките, па белките разматете ги во цврст снег. 
  3. Во жолчките додајте зачини, презла, кора од лимон, рендан кашкавал и карфиол, па сè добро соединете. На крај додајте снег од белки и сè добро соединете. 
  4. Смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење и премачкан со масло формирајќи мали лепињи. 
  5. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути, а потоа свртете на друга страна, премачкајте со масло и продолжете со печење уште десетина минути. 
  6. Послужете топло со јогурт, кисело млеко, кефир или свеж зеленчук.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*