Вкусен сос со пиперки – Одличен во повеќе комбинации

Вкусен сос со пиперки – Одличен во повеќе комбинации

Сос со пиперки кој одлично оди со месо или друга комбинација по ваш избор. Вкусен и ароматичен, а се прави вака:

Состојки.

  • 1 зелена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица брашно
  • масло
  • 1/2 л супа од зеленчук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Се чисти, сече и динста кромидот во сад со масло.
  2. Потоа се чистат пиперките и се додаваат исечкани на коцки, како и брашното откако ќе омекнат, па се става постепено супата.
  3. Се ставаат солта и биберот, се остава да се динста уште кратко време, па се трга од оган.

Може да ги послужите со месо или едноставно да уживате во овој вкусен сос со леб. Нема да може да се одлучите како е повкусно 🙂

На здравје!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Месо со печурки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text