Посни сникер бомбици – Лесно, брзо и евтино

Посни сникер бомбици – Лесно, брзо и евтино

За големиот и тежок Велигденски пост, за сите оние кои постат, ви нудиме посни Сникерс бомбици, од кои застанува здивот.Ова е рецептот за посните, а вкусни топчиња:

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 1 кеса ванилин шеќер
  • 200 гр. посно чоколадо за готвење
  • 300 гр. кикирики
  • 200 гр. бисквити
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е многу едноставна. Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер се ставаат на оган и се мешаат, за смесата да се растопи убаво.
  2. Се додава половина од чоколадото, па бисквити и кикиритки кои треба да бидат измелени. оставете само мал дел за валкање на бомбиците.
  3. Измешајте и оставете ја смесата во ладилник.
  4. Направете бомбици и ставете ги неколку часа во ладилник, па извалкајте ги во останатото чоколадо кое ќе го растопите на оган.
  5. Потоа, извалкајте ги во малку бисквити и кикиритки.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

20 минути без печење – сникерс бајадера

Сникерс обланди

Сникерс корпички

Сникерс чизкејк

Колач со банани ореви и еурокрем

Не ви требаат вага и миксер – кокос колач

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

singlepost_text