Погачи од рерна за половина час – Нема разлика во вкусот и кога се оладени

Погачи од рерна за половина час – Нема разлика во вкусот и кога се оладени

Ако денот по утрото се познава, со вака вкусен рецепт овој ден ќе биде прекрасен.Направете појадок за 30 минути кој ќе рашири супер арома, а ќе може да го јадете цел ден, бидејќи е вкусен и кога ќе се олади.

Состојки:

  • 1 кг. брашно 
  • 250 гр. маргарин 
  • 400 гр. сирење 
  • 1 лажиче сол 
  • 1 јајце 
  • 1 кесе квасец 
  • 100 мл. вода

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се става да нарасне квасецот во 100 милилитри млака вода, па кога ќе нарасне се додава брашно, иситнетото сирење, маргарин и сил. 
  2. Се меси тесто, се остава 30 минути. 
  3. Се развлекува на работната површина, па се прави ролат и се остава уште кратко да стои, па повторно се расукува и се вадат погачи со модли или шолја. 
  4. Се редат на плех премачкан со маргарин. 
  5. Се премачкуваат со изматено јајце и се печат 30 минути на загреана рерна на 200 степени.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text