Најдобрата смеса за поховање риба и зеленчук: Совршени залаци во деновите на пост

Најдобрата смеса за поховање риба и зеленчук: Совршени залаци во деновите на пост

На овој начин може да се похова било кој вид риба (морска, речна, а одлична е и за сите видови филети), посни ќофтиња, тиквици, црн патлиџан, печена пиперка и уште многу други видови зеленчук. Овој пат ви донесуваме рецепт за поховање риба.

Состојки за поховање 1 кг риба:

  • 300 мл пиво
  • 5 лажици пченкарен гриз
  • 3 лажици пченкарно брашно
  • 1 лажица бело брашно + 5 лажици
  • 1 лажица презла
  • 1/2 лажичка црвена пипер
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Измешајте пченкарно брашно, гриз, презла и додајте лажица бело брашно, измешајте па додајте сув зачин, лук и црвена пипер. Во друг сад ставете околу 5 лажици бело брашно. Во трет сад ставете пиво.
  2. Загрејте масло во тава (кое треба да биде барем 1 см во висина) во кое рибата се пече на нешто појако од средна темпратура.
  3. Извалкајте ги рибите прво во бело брашно, па во пиво, а потоа во мешавината која сте ја направиле.
  4. Извалкајте ги од сите страни. Спуштајте ги рибите да се печат во масло додека не добијат жолта боја.
  5. Доколку поховате зеленчук, количината на состојките се менува. Крупните парчиња бараат помалку состојки, додека ситните кои ги има повеќе бараат повеќе состојки. Мешавината е одлична, додека се пече, не отпаѓа.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text