Деликатес на денот: Растурена мусака со растопен кашкавал

Деликатес на денот: Растурена мусака со растопен кашкавал

Направете растурена мусака на денешното мени, ова е вкусниот и брз рецепт: 

Состојки:

  • 300 гр. мелено месо 
  • 800 гр. излупен компир 
  • вегета 
  • 100 мл. павлака за готвење 
  • 100 гр. кашкавал

 

Начин на подготовка:

  1. Меленото месо се пржи на тава со масло и вегета, а компирот кој треба да се излупи се вари 15-20 минути во солена вода. 
  2. Се сече потоа на кругови и се дели на три дела. 
  3. Првиот се реди на дното на огноотпорен сад, во кој на дното има масло, па врз него павлака за готвење, а врз неа месо. 
  4. Повторно ставете компир, па павлака, па месо и најгоре компири. 
  5. Нарендајте кашкавал горе. 
  6. Печете на 200 степени околу 45-50 минути.

Може да послужите со кисело млеко или јогурт, имајте пријатно јадење

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко