Макарони со сланина и печурки – Јадење како од ресторан за 20 минути

Макарони со сланина и печурки – Јадење како од ресторан за 20 минути

За сите љубители на италијанската кујна, вкусни макарони со сланина и печурки од кои прсти ќе излижете.

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 200 гр Пекабеско сланина
  • 300 гр шампињони
  • 300 гр доматно пире
  • 2 главици кромид
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Се варат макароните во солена вода, па се цедат.
  2. За сосот се пржи сланината исечена ситно во тава со масло, се додаваат и сечканите шампињони, ситно сечканиот кромид, па се убаво се динста на маслото.
  3. Се пржи додека да испари водата од печурките.
  4. Додадете доматно пире, сол, бибер и вегета, се измешајте убаво и оставете го 10 минути да се крчка, па тргнете го на страна.
  5. Се става врз тестенините и се послужува топло.

На здравје!

Повеќе на Gotvi.mk:

Потпечен зеленчук со макарони

Макарони со пилешко – кремава тава

Посебен рецепт за макарони

Нова идеја за тестенини

Ваков деликатес со макарони не сте јаделе

бел сос за макарони од две состојки

Запечени пица макарони