Совршено кремаста кекс торта готова за само 20 минути

Совршено кремаста кекс торта готова за само 20 минути

Кремаста кекс торта која се прави за само 20 минути – совршен десерт!

Состојки:

  • 500 гр бисквити
  • 8 јајца
  • 250 гр путер
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1/2 л зготвено турско кафе
  • 250 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете 250 гр путер со 250 гр шеќер во прав, па додајте 8 жолчки (од белките направете снег).
  2. Во шеќерот, путерот и јајцата додајте 200 гр растопено чоколадо за готвење. Кога тоа добро ќе го соединете,додајте снег и добро измиксајте ги сите состојки.
  3. Оставете го филот во фрижидер да се лади 15-тина минути.
  4. Во плех со малку повисоки рабови, редете бисквити кои прво ќе ги потопите во топло млеко, па во турско кафе. Кога ќе го покриете дното, ставете 1/3 фил. Наредете го така и следниот ред, а третиот само украсете го со фил од чоколадо.
  5. Оставете го колачот барем еден час во фрижидер, бисквитите да впијат малку фил и да колачот да стегне.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text