Брз и вкусен ручек: Пилешки батаци во крцкава ароматична кора

Брз и вкусен ручек: Пилешки батаци во крцкава ароматична кора

Пилешките батаци се иделни за подготовка на брз ручек. Потребно е само да ги премачкате со ароматичен прелив, додајте им крцкава кора од презла и зачински билки, па ставете ги во рерна.

Состојки:

  • 8-10 пилешки батаци
  • 2 мали шолји презла
  • 4 лажици магдонос
  • 2 лажички црвена пипер
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 лажичка сушено оригано
  • пармезан
  • 2 лажички сол
  • 3 лажички сенф
  • 200 гр путер
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Печката загрејте ја на 200 степени.
  2. Садот во кој ќе ги печете батаците премачкајте го со путер, а потоа во посебен сад измешајте презла, ситно сечкан пармезан, ситно сечкан магдонос, оригано, црвена пипер и лук. Додајте сол и бибер, па сè убаво измешајте.
  3. Во сад растопете путер, додајте сенф и сè добро измешајте.
  4. Батаците премачкајте ги со мешавина од сенф и путер, а потоа извалкајте ги во мешавината со презла.
  5. Наредете ги батаците во сад за печење. Печете околу еден час или додека не попримат златна боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text